Поранешниот играч на Арсенал, Барселона и Челзи ова лето се раздели со францускиот Монако.
Францускиот клуб немаше намера да го продолжи договорот со искусниот играч за врска, па Шпанецот на 35 години остана без клуб. Во изминатите 3,5 години тој често имаше проблеми со повреди во Монако.
Се чинеше дека може да ја заврши кариерата, но сепак призна дека е подготвен за игра и дека сега останува само да ја чека најдобрата понуда за себе.
Со оглед на тоа каков мајстор е, нема дилема дека ќе дојдат неколку понуди и дека нема да недостигаат вистински предизвици за Фабрегас.