Сестрата на нејмар повторно го привлече вниманието на таблоидите во Бразил, откако се појави информација, но и фотографии дека е во љубовна врска со фудбалерот Габриел Барбоса, попознат како Габигол.
Семејството на 25-годишната Рафаела Сантос, нејзиниот татко, но и братот Нејмар биле против оваа врска, пред се поради темпераментниот Габигол, но сепак на крајот се помириле со тоа. Двајцата биле во врска и во 2015-та година, но потоа раскинале, сепак сега повторно се заедно.
Инаку, Габриел Барбоса настапува за селекцијата на Бразил, а синоќа беше стрелец во победата од 3:1 над Венецуела.
Gabigol reata namoro com Rafaella Santos https://t.co/inBnTGCQKe pic.twitter.com/kifLlskHl4
— FR Notícias | Flamengo (@SiteResenha) October 5, 2021