Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари на мечот со Бруклин седеше на клупата за резервни играчи. Беше повреден, па не настапи. Во текот на првата четвртина добија информација дека тој е позитивен. Веднаш е изолиран, но сепак предоцна. Тој додека седеше на клупата разговараше со останатите играчи. Поради тоа донесена е одлука целиот тим да оди во изолација. Тие ќе останат во карантин додека не бидат завршени дополнителни тестирања и не бидат готови резултатите. Утрешниот меч на Филаделфија против Денвер поради ова е неизвесен.