ФУДБАЛ

Сетиен чека огромна отштета од Барселона

Кике Сетиен доби отказ на клупата на Барселона по дебаклот во Лигата на шампионите против Баерн (8:2).

По нешто повеќе од половина година на клупата, Сетиен беше отпуштен во август минатата година и беше заменет со Роналд Куман.

Сетиен не потпиша договорен прекин на соработката. Барселона го отпушти, а 62-годишниот тренер сака да ги наплати побарувањата преку судовите.

Барселона нема намера да му плати никаква отштета, но се чини дека ќе мора да го стори тоа. Според шпанските медиуми, Сетиен би можел да добие дури 14 милиони евра како обештетување.

Целосниот процес се уште е во тек. Сетиен не сака да се откаже од парите и отказот може скапо да ја чини Барселона.

Сетиен ја предводеше Барселона на вкупно 25 натпревари. Тој забележа 16 победи, четири нерешени и пет порази.