Барселона не успеа да најде засилувања за самиот врв во нападот. Сепак, Сетиен верува дека Усман Дембеле може многу да му помогне на тимот и да го направи отсуството на Суарез помалку видливо.
Луис Суарез имаше операција на коленото и ќе биде надвор од терените до мај, додека Дембеле конечно се опорави од повредата здобиена во ноември минатата година и започна со тренинзи.
Дембеле сè уште не ги оправда парите вложени во неговиот трансфер од Бурусија Дортмунд во лето 2017 година. Тој имаше големи проблеми поради повредите, но неговиот став кон работата и тренерството и недостаток на дисциплина се чинеше дека е поголем проблем.
Сепак, судејќи според последните изјави на тренерот на Барселона, Квик Сетиен, Дембеле конечно започна да работи како што треба.
„Како и повеќето, тој има работи што може да ги подобри. Мора да знаете дека се уште е млад… Неговата посветеност, од она што го видов, е тотална и апсолутна“, изјави Сетјан за Спорт и продолжи:
„Имам солзи во очите кога ќе погледнам во интензитетот и капацитетот што го има… Ние сме воодушевени од тоа. Може да биде нашето зимско засилување“.
„Никогаш не знаете како ќе се одвиваат работите, но ние секогаш размислуваме позитивно. Јасно е дека неговото закрепнување ќе ви помогне“, додаде 61-годишниот стратег во Барселона.