Еве ги засилувањата за многу слаба Севиља оваа сезона.
Повредата на Немања Гудељ не е единствената причина за доведување засилувања во јануарскиот преоден рок, генерално тимот има проблеми на сите страни и поради ова Севиља веќе неколку недели е во преговори со Интер.
Го сакаа играчот од средниот ред Лусиен Агуме и го добија.
Тој до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Севиља, а има и откупна клаузула. Вреди 8 милиони евра, но Интер ќе има опција да го врати за одредена цена која не се открива.
Агуме има само еден настап за Интер оваа сезона.
Агуме претходните три сезони ги помина на позајмица во Специја, Брест и Троја.
Има 21 година и е млад француски репрезентативец.
