ФУДБАЛ

Севиља му се приближи на Реал, голеада во баскиското дерби

Се одиграа три дуели од 19. коло во шпанската Ла Лига.

Севиља со меч помалку се доближи до Реал Мадрид на пет бода заостанување. Вечерва по голема борба Андалузијците го совладаа Кадиз со 0:1, а херој беше Окампос, кој погоди во 58. минута на асистенција на Ракитиќ.

Во дербито на Баскија, Атлетик Билбао ја совлада Осасуна со 1:3 по пресврт.

Тимот од Памплона стигна до водство со голот на Гарсија за 1-0 во десеттата минута, а потоа на сцена стапи Сансет. Фудбалерот на Билбао постигна хет-трик во 16., 25. и 68. минута и со тоа му донесе триумф на својот тим.

Во првиот натпревар од денешната програма од 19. коло, Виљареал со двата гола на Морено го декласираше Леванте со 5-0, а головите за Жолтата подморница уште ги постигнаа Диа, Торес и Тригуерос.

ПОВРЗАНО

Ла Лига