ФУДБАЛ

Севиља реши да ја испровоцира Барселона на Твитер пред мечот со Дортмунд

Севиља вечерва на домашен терен го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Севиљае позната како клуб кој е убедливо најуспешен во Лигата на Европа, но овој пат успеа да се најде во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Иако не беше воопшто лесно во групната фаза, на крајот Севиља обезбеди пласман во осминафиналето.

Тие за малку избегнаа да бидат трети во групната фаза и натпреварувањето во Лигата на Европа, што го опишаа на многу интересен начин пред вечерашниот натпревар.

Секако, многумина ова повеќе го сфатија како провокација за лутиот ривал Барселона, која синоќа беше понижена на домашен терен од ПСЖ.