Значи, останува речиси еден месец до продолжението на сезоната во НБА лигата, па играчите кои се позитивни за коронавирус имаат време да го „направат“ задолжителниот 14-дневнен карантин.
НБА-лигата денеска соопшти дека во последната рунда тестирања се откриени уште девет позитивни кошаркари. Ова значи дека вкупниот број на позитивни кошаркари од почетокот на задолжителното тестирање (23 јуни) е 25.
Во периодот од 24 до 29 јуни беа тестирани 344 кошаркари, а девет од нив, како што веќе кажавме, беа позитивни. Претходно, тестовите откриле 16 позитивни случаи.
Вкупно 884 членови на персоналот на тимовите беа тестирани помеѓу 23 и 29 јуни, а 10 од нив беа позитивни на „Ковид-19“.