Сезоната заврши, познато е кога Вардар ќе ја почне одбраната на титулата

Written by

in

Прекрасната сезона за македонскиот ракомет заврши во неделата кога Вардар по вторпат ја освои титулата во Лигата на шампионите.

ЕХФ денеска го објави календарот за новата сезона, а обврските во врска со неа почнуваат веќе на 12 јуни. Тогаш е конечниот рок за пријавување екипи, на 25 јуни ќе биде познат конечниот список на партиципиенти во двете нивот, на 26 јуни е ждрепката за квалификациите, а ден подоцна ждрепката за групната фаза.

Квалификациите се играат од 30 август до 1 септември, а официјално Лигата на шампионите почнува на 11 септември. Завршниот турнир е во Келн на 30 и 31 мај 2020 година.