Навивачите на Лестер беа изненадени од денешното соопштение на клубот.
Лисиците потврдија дека го продолжиле договорот со 24-годишниот Џастино Џејмс до 2026 година.
Споменатиот фудбалер имаше договор со Лестер до 2024 година, а сега на тоа додаде уште две години.
📝 DEAL DONE: James Justin has signed a new contract at Leicester City until 2026.
(Source: @LCFC) pic.twitter.com/iwpRG9SOvz
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 23, 2022
Ова е изненадувачки поради фактот што Џејмс оваа сезона одигра само четири натпревари за Лестер во сите натпреварувања.
Се зборуваше за неговата позајмица, а со оглед на вредноста од 17 милиони евра, навивачите очекуваа дека клубот може да заработи на трансферот на Џејмс, но тој остана во соблекувалната на поранешниот англиски шампион.
Споменатиот фудбалер во редовите на Лестер дојде во летото 2019 година од редовите на Лутон како голем талент, а има и осум пријавени настапи за младата У21 репрезентација на Англија.