ФУДБАЛ

Шахтјор преку Базел до Интер, Севиља ги „скрши“ Волците во финишот, следна пречка Манчестер

Екипите на Шахтјор и Севиља се нови имиња во полуфиналето на Лига Европа.

Вечерва, во четвртфиналниот дуел, кој се играше во Гелзенкирхен, Украинците го совладаа Базел со 4:1 и со тоа отидоа понатаму.

Победникот на натпреварот беше наведен по само 22 минути игра. Дотогаш Шахтјор веќе водеше со 2:0, со голови на Мораес и Тајсон.

Во второто полувреме поранешниот шампион на ова натпреварување постигна уште два гола, преку Алан Патрик од пенал во 75. минута и Дода од 88. Единствениот гол за Швајцареците го постигна Рики ван Волфсвинкел во судиското надополнување.

Победникот од Купот на УЕФА 2009 година во полуфиналето ќе игра против Интер, кој синоќа го совлада Баер Леверкузен со 2:1.

Во вториот пар од полуфиналето Манчестер Јунајтед ќе игра против Севиља. Вечерва шпанскиот тим го совлада Волверхемптон со 1-0 во Дуизбург со гол на Окампос на самиот финиш на натпреварот, поточно во 88-та минута.

Севиља беше поопасен ривал на овој натпревар, тие имаа повеќе шутеви, повеќе поседуваа топка, одзедоа повеќе кори, а токму од кора конечно стигнаа до посакуваниот гол.

ПОВРЗАНО

Лига Европа