Шалке и Борусија Дортмунд одиграа возбудливо Рурско дерби кое заврши со резултат 2:2.
Ова беше јубилејна 100-та пресметка на два големи локални ривали, а први поведоа гостите од Дортмунд.
Во 38. минута Нико Шлотербек постигна одличен удар од далечина.
Шалке успеа да израмни во петтата минута од вториот дел, кога Билтер се најде на вистинското место по центаршутот на Фреј од десната страна.
Abpfiff. Es bleibt beim 2:2. #S04BVB pic.twitter.com/qowDh0VFoz
— Borussia Dortmund (@BVB) March 11, 2023
На Борусија не му требаше многу време за повторно да поведе. Веќе во 60. минута Рафаел Гереро, асистентот за првиот гол, одлично се снајде откако го мина Џан.
Шалке да остане непоразен седми натпревар по ред се погрижи Кенан Караман во 79. минута, кој со силен и прецизен удар со глава го совлада голманот на Дортмунд.
По ова реми, Борусија заостанува два бода зад лидерот Баерн, додека Шалке е претпоследен на табелата со 20 бода.
