Шалке ремизираше 1-1 со Карлсруер во 24. коло од германската втора Бундес лига.
Тероде ги доведе гостите во водство во 27. минута, а реми и бод за домаќинот му донесе гол на Кјонг-Рок седум минути подоцна.
Сепак, она што го засени резултатот на овој натпревар е тоа што фудбалерите на Шалке на теренот излегоа без своите препознатливи дресови, односно без натписот на спонзорот на Газпром на предниот дел од дресот.
Наместо тоа, на нивните дресови е само „Шалке 04“. Секако, јасно е дека тоа е последица на руската инвазија на Украина и затоа е отстранета рекламата на оваа руска компанија.

Гаспром е најголемата руска компанија, најголемиот експлоататор на природен гас во светот и една од најголемите компании во светот. Мнозинскиот сопственик е руската влада. Во 2008 година произведе 549,7 милијарди кубни метри гас, што е 17% од светското производство на гас.
ℹ️ Following recent developments, FC Schalke 04 have decided to remove the logo of main sponsor GAZPROM from the club's shirts. It will be replaced by lettering reading ‘Schalke 04’ instead.#S04 pic.twitter.com/9kpJLRzTQ7
— FC Schalke 04 (@s04_en) February 24, 2022