Сеад Колашинац го одигра првиот натпревар за Шалке денес по враќањето од Арсенал.
Дефанзивецот ја доби капитенската лента на тимот од Гелзенкирхен кој дојде до првата победа во сезоната.
„Ајде да одиме на работа“, рече Колашинац по првиот тренинг пред неколку дена.
И тие очигледно добро работеа. Шалке дојде до победа во Бундеслигата по скоро една година, а последната беше регистрирана на 17 јануари минатата година.
Хоп постигна хет-трик денес, на хет-трикот му асистираше Харит кој го постигна голот за конечни 4:0.
Шалке се буди и ќе видиме дали гигантот ќе успее да излезе од тешка ситуација. Колашинац сигурно има авторитет кај овие фудбалери и нема сомнеж дека добро ќе го слушаат до крајот на сезоната.