Шалке остана без Суат Сердар до крајот на сезоната.
Сердар претрпе непријатна повреда на коленото, а тоа се случи на дуелот против Аугсбург.
„Ќе видиме дали е потребна операција до крајот на неделава“, рече тренерот на Шалке, Дејвид Вагнер.
Продолжението на Шалке во Бундес лига не донесе ништо добро. Тие забележаа три порази во ист број на натпревари и паднаа на осмата позиција.
„Ние не сме тимот што бевме во првиот дел“, призна тренерот Вагнер, најавувајки подобри денови.
Првите нови поени Шалке ќе ги бараат в сабота на домашен терен против Вердер Бремен.