ФУДБАЛ

Шамар по шамар за Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо (37) е крајно незадоволен од ситуацијата во Манчестер Јунајтед и наводно прави се за да го напушти клубот.

Иако самиот Кристијано тврди дека е ’среќен во Јунајтед’, информациите од англиските медиуми велат дека Португалецот едвај чека да си замине, исто како што тоа беше случај во претходните недели.

Последен клуб со кој се поврзуваше 37-годишниот Португалец беше Борусија Дортмунд. Англиските медиуми тврдеа дека ЦР му бил понуден на германскиот гигант, а оваа вест ја потврди и весникот Билд.

Германскиот весник објави дека Хорхе Мендеш и ги понудил услугите на Роналдо на Борусија. За негова несреќа, неуспешно.

„Агентот Жорге Мендеш и ги понуди услугите на Кристијано Роналдо на Борусија Дортмунд. Откако играше во англиското, шпанското и италијанското првенство, Роналдо има желба да се испроба и во Бундеслигата“, пишува Билд и додава:

„Дортмунд воопшто не го сака Португалецот. Неговата плата би ја нарушила платежната структура во клубот“.

Исто така, во Борусија им е јасно дека не сакаат да го уништат талентираниот Јусуф Мукок поради 37-годишната ѕвезда, а веќе доведоа и еден напаѓач.

„Клубот не сака да доведе уште еден напаѓач пред младата ѕвезда Јусуф Мукок. Потписот на Ентони Модесте веќе ги наруши плановите на овој играч. Исто така, Роналдо на 37 години е едноставно престар за Борусија и покрај се, трансферот ќе да не се случи“.

Иако Роналдо тврди дека сите пишувања во медиумите се обична лага и дека не сака да оди никаде, угледните европски медиуми пишуваат дека Кристијано бил одбиен од голем број клубови.

Тој беше поврзуван со Челзи, Баерн, ПСЖ, Атлетико, Интер и Милан, но сите овие клубови наводно одбиле да ја доведат португалската ѕвезда.

На две недели до крајот на преодниот рок, Роналдо се уште е член на Манчестер Јунајтед, но со овој човек никогаш не се знае и нема да биде изненадување ако на крајот се реши на ненадејно заминување.

Тоа му го направи на Јувентус минатата година кога буквално ги „направи“ во последните денови на трансфер пазарот. Замина во Манчестер, а Јувентус со месеци играше без замена напаѓач.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига