ФУДБАЛ

Шампањот подготвен, Барса ја потврдува титулата во вистински момент!

Со победата на Виљареал над Реал Мадрид стана уште појасно – Барселона по четири години ќе биде новиот шампион на Шпанија.

Барселона остана на +12 во однос на Реал, а во понеделник ја пречекува Жирона во дербито на Каталонија и може да оди на огромни +15.

Пресметката е јасна, Барселона може и математички да ја верификува титулата во 34. коло, во градското дерби со Еспањол на стадионот „Ел Прат“.

Тој меч е закажан за 14 мај, иако не е невозможно Барса порано да ја запечати титулата, во случај на нов кикс на Реал Мадрид.

По Жирона, Барса гостува кај Хетафе, потоа следува дербито со Атлетико на Камп Ноу, гостувањето кај Рајо Ваљекано, Бетис и Осасуна како домаќини, а потоа и дербито со Еспањол.

Јасно е дека Реал е фокусиран на Лигата на шампионите и финалето на Копа дел Реј, а го чекаат натпреварите со Кадиз, Селта, Жирона, Алмерија и Реал Сосиедад до 34. коло кога ќе му го предаде пехарот на најголемиот ривал.

Барса го освои шпанскиот Суперкуп, но поразот од Реал Мадрид со 0:4 остави горчлив вкус во устата, но потврдата на титулата на стадионот Еспањол секако би ги утешила навивачите на каталонскиот клуб.