Играчи како Кристијано Роналдо на секој пораз гледаат како лекција.
Јувентус беше поразен од Наполи со 1:0 и Старата дама направи чекор назад кога е во прашање борбата за самата титула, но Роналдо секако не губи надеж.
“Овој пораз нема да не скрши! Ајде да кренеме глава и да размислиме за шампионската титула!”, Напиша португалскиот напаѓач на својот Инстаграм.
Роналдо знае дека сега ситуацијата е потешка отколку што беше, но знае и дека тој и неговите соиграчи се уште имаат можност да стигнат до првото место, особено затоа што водечкиот Милан загуби од Специја.