Полскиот голман Војчих Шчесни го продолжи договорот со Јувентус, објави клубот на официјалната веб-страница.
На Полјакот актуелниот договор со „Старата дама“ му истекуваше во летото следната година, но тој и клубот брзо се договорија за продолжување на соработката и новиот договор ќе го обврзе до летото 2024 година.
Тој пристигна во Јувентус пред речиси три години, а ова е негова втора сезона во која тој е првиот чувар на мрежата.
Немаше многу дилеми тој да остане во клубот, а сега тоа е и официјално потврдено.
Интересно е што од пристигнувањето во клубот, тој стана рекордер на Јувентус во однос на процентот на постигнати натпревари без голови во однос на бројот на натпревари што ги одиграл. Досега тој бранеше на 61 натпревар и ја зачува мрежата во 28 наврати, што претставува зголемување од 46 проценти.
Тој минатата сезона прими 0,7 голови по натпревар, со што беше најдобриот голман во Италија.
Тој веќе освои две Скудета, Купот на Италија и Суперкупот.
Пред Јувентус, овој 29-годишник се бранеше за Арсенал, Брентфорд и Рома.
UFFICIALE ✍ @13Szczesny13, bianconero fino al 2024!
➡ https://t.co/FqPEsNxY3l pic.twitter.com/3PNmDs1I9i— JuventusFC (@juventusfc) February 11, 2020