ФУДБАЛ

Шефовите на Ливерпул негираа дека клубот се продава

Сопствениците на Ливерпул од „Фенвеј спорт груп“ ја негираа веста дека биле подготвени да го продадат клубот.

Според „Њујорк пост“, претседателот Џон Хенри е подготвен да направи договор вреден 2 милијарди долари и тајно очекал понуди. Сепак, ова беше демантирано од портпаролот на тимот од Мерсисајд.

– Во име на сопствениците ги дефинирам овие информации како неоправдани шпекулации. И уште еднаш ќе повторам: овој клуб не се продава, изјави портпаролот на клубот за „Ливерпул Ехо“.

„Фенвеј спорт груп“ е во сопственост на популарниот англиски клуб од октомври 2010 година.