Групацијата „City Football Group (CFG)“ , која е сопственик на Манчестер Сити, го купи својот десетти клуб. Станува збор за францускиот второлигаш Троа.
„CFG“ стана новиот мнозински сопственик на Троа откако ги купи акциите на претходниот сопственик Даниел Масони.
„Веќе некое време сме заинтересирани за францускиот фудбал и секогаш сме се воодушевувале од Троа“, рече Феран Сориано, директор на групата CFG.
Покрај Манчестер Сити, групацијата CFG веќе долго време ги поседува Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Сечуан Џиуниу, Јокохама Маринос, Мумбаи Сити, Атлетико Торуга и Ломел.
Троа ја прекина сезоната во Лига 2 на четвртото место и беше близу до промоција, а сега кога пристигна новите газди и парите нема сомнеж дека ќе има високи амбиции во иднина.