Калифа бин Хамад Ал Тани беше првиот кој преку социјалните мрежи го најави доаѓањето на Лионел Меси во ПСЖ, што неколку дена по неговата објава тоа е се реализира.
Ал Тани покрена лавина реакции кога ја објави фотографијата од Меси и Роналдо во дресови на ПСЖ, а сега на интересен начин сликовито го демонстрираше залудното настојување на Кралскиот клуб да го ангажира одличниот француски фудбалер.
the end pic.twitter.com/4nyuenxwli
— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) August 31, 2021
Твитот имаше повеќе од 1,9 милиони ретвитови и повеќе од 4.2 милиони лајкови, но прашањето е кој последен ќе се смее со оглед на тоа дека на Мбапе на крајот на сезоната му истекува договорот и дека одбил да го продолжи, па Реал ќе има можност да го ангажира како слободен играч.
Калид бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани, брат на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ, објави фотографија по преодниот рок во која се исмева за неуспешниот обид на Реал Мадрид да го донесе Мбапе во последните часови.