Веќе неколку сезони македонскиот напаѓач Иван Тричковски со голем успех настапува во првенството на Кипар. Во дресот на АЕК тој е еден од најдобрите играчи, а сезонава го докажа тоа. Имено,Тричковски го има најдобриот старт на сезоната во својата кариера.
По пет одиграни кола тој постигнал шест погодоци. Вчера Тричковски постигна два гола против Аполон, а во претходните четири постигнуваше по еден гол. Тричковски е блиску да го изедначи личниот рекорд од периодот од 17. декември 2016 до јануари 2017. тогаш постигнуваше голови на шест натпревари во низа. Македонскиот напаѓач од 2016-та го носи дресот на кипарски АЕК, а на 145 мечеви постигнал 89 голови.