ФУДБАЛ

Шесте најубави голови од групната фаза во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Најубавиот гол од групната фаза во Лигата на шампионите го постигна офанзивниот играч на ПСЖ, Нејмар.

Во групната фаза од Лигата на шампионите беа постигнати многу одлични голови, но оној на Нејмар од дуелот помеѓу ПСЖ и Башакшехир беше прогласен за најубав.

На второто место е голот на хрватскиот играч за врска Лука Модриќ од Шахтјор и Реал, а третиот најдобар погодок во групната фаза го постигна Антоан Гризман на мечот меѓу Ференцварош и Барселона.

Меѓу шесте најубави голови се погодоците на Бруно Фернадеш од дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Башакшехир, потоа Кимих од дуелот помеѓу Локомотив и Баерн и Сулејманов од дуелот помеѓу Севилја и Краснодар.

На видеото можете да ги видите овие одлични погодоци.