Најдобрите светски скијачи го возеа шестиот слалом во сезоната во рамките на Светскиот куп.
Трката се возеше на легендарната патека во Шламдинг под рефлектори, а ноќта ја одбележа германскиот скијач Линус Штрасер кој славеше со време 1:46.00 часот.
Така, Штрасер стана шестиот победник на шестиот слалом оваа сезона и оваа сезона дефинитивно ќе биде запаметена по многуте возбудувања, сензации и резултати.
21-годишниот Норвежанец Атл Ли Мекграт на подиумот излезе со стартен број 34 со време 1:46,03, а подиумот го комплетираше Австриецот Мануел Фелер со заостанување од +0,30 и тоа на каков начин. Фелер по првото возење веше на 28. место, а потоа со маестрален слалом во второто возење стигна до подиумот и додаде уште еден зачин на оваа неверојатна слаломска сезона.
Трката во Шламдинг беше и последна за скијачите пред Олимпијадата во Пекинг.