ФУДБАЛ

Шевченко: Дуелот против Македонија ќе биде клучен

Селекротор на Украина, Андриј Шевченко, пред натпреварот изјави дека дуелот против Македонија ке биде клучен.

„Голем беше бројот на фудбалери кои немаа сила после дуелот со Холандија. Ќе морам да видам колку од нив ќе се рехабилитираат и кој играчи ќе бидат максимално подготвени за дуелот против Македонија. И пред почетокот на турнирот, ние добро знаевме дека дуелот против Македонија ќе биде клучен кога е во прашање групната фаза и пласманот во 1/8 финалната рунда. Добро ќе го анализираме нивниот натпревар против Австрија, ќе пробаме да ги примениме сите добри работи кои ги направија репрезентативците на Австрија. Има уште два натпревара, но ние мора да ги засукаме ракавите и да ја искористиме секоја шанса која ќе ја добиеме или создадеме“, изјави Шевченко.

Македонија и Украина во 15:00 часот ќе се сретнат на стадионот во Букурешт.

Македонија на овој натревар ќе оди на се или ништо, бидејки нема што да загуби, доколку издвоиме победа ќе имаме шанси за пласман во 1/8 финалето.