ФУДБАЛ

Шевченко купува клуб во Италија

Поранешната украинска фудбалска ѕвезда Андриј Шевченко е во преговори за купување на клубот од Италија.

Шевченко сака да стане сопственик на Пескара, клуб кој се натпреварува во Серија Ц.

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот напаѓач треба да се сретне со претседателот на Пескара за да разговара за купување на најголемиот дел од акциите на клубот.

 

Пескара преку плеј-офот ќе се обиде да се избори за повисок ранг, односно Серија Б, а навивачите со задоволство ја примија информацијата за интересот на Шевченко.

Шевчено вечерва треба да го гледа и натпреварот помеѓу Пескара и Губи кој се игра од 20:30 часот.

 

Тој до лани беше селектор на репрезентацијата на Украина, од каде замина во Италија и ја презеде Џенова.

 

Не се задржа долго, бидејќи по само два месеци доби отказ.

 

Очигледно сака да остане во Италија, како што покажуваат неговите нови планови.

 

Славниот напаѓач остави најголема трага во Милан со кој го освои Скудетото и Лигата на шампионите, а со Челзи играше и во финалето на Лигата на шампионите. Со матичниот клуб Динамо пет пати беше шампион на Украина.