ФУДБАЛ

Шевченко: Во Лондон сум, но сите мои најблиски се во Украина и затоа сум многу загрижен

Поранешниот селектор на Украина Андриј Шевченко им се обрати на Украинците кои ја бранат државата.

Русите ја нападнаа Украина во четвртокот наутро и борбите продолжуваат, а многу Украинци беа принудени да ја напуштат земјата, додека некои останаа да ја бранат.

Поранешниот играч на Динамо Киев, Милан и Челзи, Андриј Шевченко моментално е во Англија, но неговото семејство остана во воена Украина.

„Јас сум во Лондон, но мајка ми, моето семејство и најблиските, моите луѓе, сите се во Украина, многу сум загрижен. Моите родители, мајката и сестра ми се блиску до Киев. Се е во ред, но она што се случува е страшно“, рече тој. Шевченко, додавајќи:

„Само сакам да кажам зборови на поддршка и благодарност до нашата храбра украинска армија, претседателот, нашиот народ кој денес ја брани нашата земја. Сè е направено за да опстанеме во овој момент. Вие сте моите херои, јас сум горд на мојата земја. Горд сум на мојот народ“.

„Во Лондон има многу протести. Комуницираме на владино ниво за да ја организираме помошта што е потребна сега, даваме се од себе“, додаде поранешниот претставник на Украина.