ФУДБАЛ

Шифрин не запира – ја делат две победи од „бесмртноста“

Американската скијачка Микаела Шифрин го подобри својот рекорд по бројот на победи во Светскиот куп.

Таа сепак беше најдобра на велеслаломската трка во Кронплац, Италија.

Вчера Шифрин триумфираше на првиот велеслалом во Кронплац и го собори рекордот на сонародничката Линдзи Вон по број на победи во кариерата , а сега стигна до 84-та победа, па е на само две победи од вкупниот рекордер на Светскиот куп, Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.

Шифрин ја постигна 19. победа во велеслалом со време од 2:03.28 минути.

Второто место го освои Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која беше побавна за 0,82 секунди, додека последното скалило на подиумот и припадна на Швеѓанката Сара Хектор со заостанување од 1,19 секунди од победничката.

Шифрин е прва во поредокот за велеслалом со 600 бодови, втора е швајцарската скијачка Лара Гут Бехрами со 482 бодови, а трета Италијанката Марта Басино со 451 бод.

Американката е убедливо прва во генералниот поредок на Светскиот куп со 1.517 бодови, а зад неа се Гут Бехрами со 906 бодови и Словачката Петра Влхова со 896 бодови.