Американската скијачка Микаела Шифрин денеска победи во велеслалом, трка од Светскиот куп што се одржа во Земеринг, Австрија.
Шифрин победи со време од 2:07.18 минути и ја постигна 78-та победа на Светското првенство. Тоа е нејзина четврта победа сезонава.
Сега Шифрин има само четири победи помалку од рекордерката, сонародничката Линдзи Вон. Апсолутен рекордер е Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86 победи.
Словачката скијачка Петра Влхова го освои второто место со 0,13 секунди заостанување, а Италијанката Марта Басино беше трета со 0,31 секунда заостанување.
Во генералниот пласман прв е Шифрин со 675 бодови, втора е Италијанката Софија Гоѓа со 470, а трета Влхова со 420.