Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер верува дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем, доколку клубот не освои трофеј следната сезона.
Кејн со години е прва ѕвезда на Тотенхем, но тој е сигурно фрустриран од фактот дека не може да освои трофеј со клубот.
Многу европски великани се заинтересирани за неговите услуги и Ширер верува дека Кејн ќе може да им одолее само ова лето.
„Мојата претпоставка е дека ако тој не освои нешто во следните 12 месеци, ќе го напушти клубот“, изјави Ширер за „Match of the Day“.
„Тој ќе остане уште една година, јас така мислам, и ако не освои ништо, тогаш ќе замине“.
Кејн е повреден од јануари и треба да се врати на тренинзите кон средината на април.
Потсетиме, Премиер лигата во моментов е суспендиран и прашањето е што ќе случи со сезоната.
Многу клубови се заинтересирани за услугите на англискиот напаѓач. На прво место се наоѓаат Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.