ФУДБАЛ

Шишковски на местото на Илиев, Адеми се враќа по сузпензија

Првиот стратег на „рисовите“ Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на играчи за квалификациските дуели со Лихтенштајн и Италија.

Дамјан Шишковски е повикан на местото на Илиев кој се жали на повреда додека повратник во тимот е Аријан Адеми по завршената суспензија од ФИФА.
Останатите имиња се стандардни на списокот на Ангеловски кој очекува нови бодови за националниот тим во Квалификациите за СП.