Шкендија дојде на само два бода негатива од Вардар откако славеше против Македонија Ѓорче Петров (5:1).
Головите за Шкендија ги постигнаа Муслиу во 42. минута, Ибраими постигна два гола во 45+1.минута и во 72. минута, исто така и Нафиу постигна два гола во 86. минута и 92. минута. Голот за Македонија Ѓорче Петров го постигна Кировски во 69. минута.
Вардар во ова коло одигра 0:0 против Ренова и со ова реми му дозволи на Шкендија да му се доближи на 2 бода разлика.
Академија Пандев со убедливи резултат од 3:0 ја совлада Беласица. Головите на овој натпревар ги постигнаа, Дориев во 2. минута, Крстовски во 31. минута и Миловановиќ во 75. минута.
Победа денеска играше на стадионот во Битола и издвои победа од 2:0 против Шкупи. Головите ги постигнаа, Набуезе во 38. минута и Танушев во 68. минута.
Силекс со победа го изненади Работнички, на овој натпревар Силекс на домашен терен славеше со 2:0. Головите ги постигнаа, Парфаит во 40. минута и Георгиев во 82. минута.
ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО
Вардар – Ренова 0-0
Шкендија – Македонија ЃП 5-1 (2-0)
Муслиу 42, Ибраими 45+1, 72, Нафиу 86, 90+2 – Кировски 69
Академија Пандев – Беласица 3-0 (2-0)
Дориев 2, Крстовски 28, Миловановиќ 75
Победа – Шкупи 2-0 (1-0)
Набуезе 38, Танушев 68
Силекс – Работнички 2-0 (1-0)
Парфаит 40, Георгиев 82
ТАБЕЛА: Вардар 24 бода, Шкендија 22, А. Пандев 19, Победа 14, Работнички 14, Македонија ЃП 13, Беласица 13, Ренова 12, Силекс 10, Шкупи 9.