Вкупно 11 голови беа постигнати на првите два натпревара од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар заврши без победник 2:2. Вардар дојде до посакуваното водство уште во 5. минута со глот на Барсегјан за 0:1. Овој резултат остана непроменет до крајот на првото полувреме.
Ибраими во 54. минута постигнува гол и ја враќа Шкендија во игра. Домаќинот во 63. минута остана со играч помалку. На Алими му беше покажан вториот жолт картон и беше исклучен од игра.
Меѓутоа, Шкендија и со играч помалку дојде до водство. Во 73. минута Бојку ја носи Шкендија во водство од 2:1.
Вардар во крајот на натпреварот успеа да се избори на реми. Попов во 85. минута постигна гол за 2:2, а ова беше е конечниот резултат на овој натпревар.
Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3. Многу шанси и многу голови на двете стран. Ренова започна одлично и веќе во 4. минута дојде до водство од 0:1 со голот на Сулејмани, а во 11. минута Јусуфи ја зголемува предноста на Ренова на 0:2.
Домаќинот со голот на Петковски во 23. минута ја намалува предноста на Ренова на 1:2.
Само по три минути од почетокот на второто полувреме Стојановски во 48. минута постигнува гол и ја зголемува предноста на Ренова на 1:3, а истиот фудбалер го постигна и четвртиот гол за Ренова и во 68. минута.
Кај Работнички, Стјепановиќ во 55. минута постигна гол 2:3, а точка на натпреварот стави Ристевски кој во 86. минута ја погоди сопствената мрежа и ги постави конечните 3:4, резултат кој му донесе на Ренова три бода во новата сезона.
Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи.
Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.