Шкендија продолжи со одличната игра и е на добар пат кон титулата.
На гостувањето кај Беласица, Шкеднија славеше со убедливи 3:0, со што го оправда статусот фаворит на натпреварот. Уште од самиот почеток покажаа одлична игра, а првиот гол беше забележан во 26. минута од страна на Хебај, а пред самиот крај на првото полувреме односно во 41. минута Нафиу ја удвои предоноста на гостите.
Во второто полувреме беше забележан само еден гол, кога Хебај повторно ја затресе мрежата во 54. минута.
Шкендија сега има 65 бода и е лидер на табелата пред Шкупи кој има 52 бода, Беласица е последна со 17 бода.
Вардар продолжи со разочарувачка игра, загуби 3:0 од Академија Пандев.
Академија Пандев во првото полувреме го реши натпреварот, резултатот го отвори Радески во 14. минута, а потоа во 28. минута Крстовски го дуплира водството на домаќините. Конечните 3:0 ги постави Стоилов во 35. минута од пенал.
Со оваа победа Академија Пандев се искачи на седмата позиција и има 34 бода, еден повеќе од Борец кој е осми на табелата.
Вардар се наоѓа на предпоследното место со 28 бода а Силекс е пред нив со 29 бода.