Школа на Мурињо: Пелегрини се обиде да ги соблече копачките додека го напушташе теренот (ВИДЕО)

Written by

in

Фудбалерите на Рома вчера ја совладаа Сампдорија на гости со 1:0 во натпреварот од 31. коло на Серија А.

Рома успеа да дојде до нови три бода во борбата за Европа, а решавачкиот момент на мечот се случи во 27. минута кога Мхитарјан го постигна единствениот гол и му донесе три бода на „Волчицата“.

Римскиот клуб успеа да ја зачува својата мрежа до крајот на натпреварот, иако Самподрија почна да израмнува, но домашните фудбалери не го најдоа патот до мрежата на Рома.

Во Рома направија се за да ја сочуваат предноста, а во центарот на вниманието беше Лоренцо Пелегрини, кој на неверојатен начин се обиде да одолговлекува и да губи време кога го напушташе теренот во 92. минута од натпреварот.

Жозе Мурињо потоа се одлучи за двојна замена и го испрати Кумбула на теренот наместо капитенот Пелегрини, а тој потроши една минута од своето време.

Прво отиде кај Манчини да му ја врачи капитенската лента, а потоа направи лесен чекор кон клупата.

Но, после тоа Пелегрини повторно застана и се обиде дури и да ги соблече копачките додека се уште беше на теренот што предизвика бес кај играчите и навивачите на Сампдорија. На крајот, судијата му додели жолт картон на Пелегрини, а тој на крајот го напушти теренот.