ФУДБАЛ

Шкупи со триумф над Силекс ќе избие на чело на ПМФЛ

Со четири натпревари, кои стартуваат од 14 часот, попладнево ќе биде комплетирано 20. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Бранителот на титулата Шкупи му гостува на Силекс во Кратово и со евентуален триумф ќе ја истисне од врвот на табелата Струга, која вчера во воведниот натпревар одигра без голови на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров.

Скопје е домаќин на Тиквеш, Работнички ја пречекува Брегалница, додека Победа ѝ гостува на Шкендија во Тетово.

На табелата води Струга со 39 бодови, два повеќе од Шкупи на второто место.

ПОВРЗАНО

ШкендијаРаботничкиСилексБрегалницаТиквешШкупиСтруга