Реал Мадрид официјализираше нов голем трансфер, откако минатата недела беше официјализирано доаѓањето на Антонио Рудигер.
Имено, 22-годишниот Аурелиен Чоамени и официјално е нов член на Реал Мадрид. Францускиот репрезентативец во редовите на европскиот шампион доаѓа од Монако.
Кралевите за младиот играч за врска платија 80 милиони евра, додека ќе платат уште 20 милиони евра на име можни бонуси.
ПСЖ го сакаше талентираниот играч за врска, но овој играч не се однесуваше како Килијан Мбапе и на крајот го избра Реал.
Чоамени многумина го гледаат како легитимен наследник на Касемиро, бидејќи запирањето на непријателските напади е една од неговите главни карактеристики.
#WelcomeTchouaméni pic.twitter.com/QAxhUnSo7X
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 11, 2022
Тој потпиша договор со Реал Мадрид до 2028 година. Покрај ПСЖ, Кралевите беа побрзи од Ливерпул, а повикот на Јирген Клоп не беше доволен за Чоамени да се премисли.
Ги мина младинските селекции на Бордо, а во Монако пристигна пред две години. Монако го платија 18 милиони евра, а сега го продадоа за многу поголема сума.
Во последната сезона одигра повеќе од 50 клупски натпревари, а може да се каже дека на Бернабеу пристигнува со одредено искуство, без разлика што има 22 години.