Вечерва по натпреварот се случи голема трагедија во Лестер, откако хеликоптерот на газдата на клубот, Вичај Шривадханапраба, се урна на паркингот. Паркинот се наоѓа на 200 метри од стадионот и служел за паркинг на вработените на стадионот.
Лестер вечерва играше против Вест Хем во рамки на Премиер лигата, а по завршување на натпреварот со резултат од 1:1, милјардерот полетал од стадионот со неговиот хеликоптер, кој по полетувањето се срушил и експлодирал.
Еден од навивачите, во изјава за „Скај Спортс“ кажал дека го видел голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, како истрчува прв од стадионот.
Потоа го забележал голманот како плаче.
Каспер е доста близок со сопственикот на Лестер, а оваа информација до некаде ги потврдува гласините дека во хеликоптерот се наоѓал сопственикот на клубот, но од клубот сеуште немаат официјална потврда.