Играчот на Манчестер Јунајтед Лук Шо ќе ги пропушти следните две натпревари.
Беше загрижен менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо во врска со ситуацијата околу Шо, но сега може да се опушти, бидејќи се покажа дека тоа беше само полесна повреда на натпреварот Англија и Шпанија.
Шо претходно имаше проблеми со повреда, но оваа сезона одлично игра и навистина би било штета да претрпе сериозни повреди по судир со Дани Карвахал.
Ќе го пропушти натпреварот со Ватфорд во саботата, а веројатно и натпреварот од Лигата на Шампионите против Јанг Бојс.
Шо одигра четири натпревари оваа сезона во Премиер Лигата.