Српскиот фудбалер Горан Обрадовиќ (36) изврши самоубиство.
Обрадовиќ последната година настапуваше за Тауншип Ролерс од Боцвана, но остави многу поголем белег во Ереван, бранејќи ги боите на Арарат, Ганјазар, Алашкерт и Мајк.
Веста за смртта на Горан пристигна од Ерменија, во која со жалење беше објавено дека тој извршил самоубиство.
– Почивај во мир – се вели во прошталната порака на неговиот поранешен клуб Арарат.