Манчестер Јунајтед мака мачи во сите редови на тимот, а особено загрижува голгетерскиот учинок на напаѓачите.
Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед е заинтересиран да го доведе дури и славниот Габриел Барбоса „Габигола“ како привремено решение!
Напаѓачот на Фламенго се шета низ Бразил, но сите добро знаеме колку е сосема различно нивото на Премиер лигата.
„Габигол“ не се снајде во Интер, за кој еднаш пристигна од Сантос во 2016 година за 30 милиони евра, одигра само 10 натпревари и постигна еден гол.
Но, во Фламенго повторно дише и ја врати кариерата на вистинскиот пат, на 246 натпревари постигна 139 гола и додаде 38 асистенции и повторно е на мета на европските тимови.
Има 27 години, има уште многу сезони во нозете, само прашање е дали ќе биде во Манчестер Јунајтед.
За работите да бидат уште почудни, се шпекулира дека Јунајтед би го пуштил Антони на позајмица до крајот на сезоната, за Бразилецот да ги реши приватните проблеми околу тужбата на поранешната партнерка.
Антони не блеска ниту оваа сезона, по враќањето од Бразил, а по тешките обвинувања дополнително не е тој и навистина игра под сите очекувања.
Но, дали Барбоса е решението?
