ФУДБАЛ

Шок – Ван Нистерлој го напушти ПСВ пред последното коло!

Руд ван Нистелрој одлучи да го напушти ПСВ!

Иако го освои Купот и Суперкупот на Холандија и има големи шанси од второто место да стигне до Лигата на шампионите, Ван Нистелрој ја напушти клупата на клубот од Ајндховен.

Еден бод во последното коло му беше доволен на ПСВ да обезбеди второ место и пласман во Лигата на шампионите, но не беше доволен Ван Нистелрој да остане.

Наводно, некои членови на тимот се пожалиле на неговиот начин на работа и раководење со тимот и легендарниот Холанѓанец решил да го напушти клубот.

Интересно, ова е само прва сезона за Ван Нистелрој и бидејќи беше повеќе од успешна, ќе видиме каде ќе ја продолжи тренерската кариера.