ФУДБАЛ

Шок за Интер: Жиру постигна два гола и му донесе пресврт на Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер и Милан во моментов играат градско дерби на „Меаца“ во рамките на 24. коло од Серија А.

Интер успеа да поведе во 38. минута кога Перишиќ погоди по корнер на Чалханоглу.

И кога се чинеше дека Интер ќе го приведе натпреварот до крај и ќе дојде до победа, Милан ги шокираше сите со одличен пресврт.

Росонерите се вратија во натпреварот во 75. минута од натпреварот кога Жиру успеа да погоди за 1:1.

https://imgur.com/1CkpcRZ

Само четири минути подоцна Жиру повторно беше во центарот на вниманието и успеа да постигне одличен гол за 2:1 и големо славје на навивачите на Милан.

https://imgur.com/yjwPY1f

ПОВРЗАНО

Серија А