Екипата на Барселона е во огромни финансиски проблеми.
Шпанските медиуми објавија дека долгот на каталонскиот гигант надмина милијарда евра, а многу клубови сè уште не наплатиле за своите играчи.
Меѓу неплатените трансфери е и оној на Миралем Пјаниќ, кој во Барса дојде од Јувентус. Играчот за врска се пресели на Камп Ноу за 60 милиони евра, додека Артур Мело отиде во спротивна насока за 70 милиони евра.
Сепак, Барселона според документите му должи уште 53 милиони евра на Јувентус за трансферот, а тоа е само еден долг што каталонскиот клуб го има кон другите тимови.
До крајот на сезоната, ратата за Филип Кутињо ќе се искачи на 69 милиони евра, Ајакс чека рата од 48 милиони евра за Френки де Јонг, а Гремио за Артур Мело 13,5 милиони евра.
Исто така, има долгови за Нето (Валенсија), Малком (Бордо), Тринкао (Брага), и многу други фудбалери …