Манчестер Сити во одлична партија победи против Борусија Дортмунд.
Ретко кој можеше да очекува дека гостите ќе му пружат толку добар отпор на фаворизираниот Манчестер Сити, но успеаја.
Водеа со 0:1 до 80. минута, а потоа машинеријата наречена Манчестер Сити почна да го меле својот противник.
Најпрво Стоунс погоди за 1:1, а потоа Халанд постигна неверојатен гол во 84. минута за целосен пресврт и победа на својот тим.
По натпреварот свое шоу имаше и Пеп Гвардиола, кој реши за некои работи да му се пожали на главниот судија Орсат.
Орсато прво внимателно слушаше, а потоа тренерот на Манчестер Сити го крена гласот и почна да гестикулира со рацете.
Главниот судија не го толерираше ова и веднаш извади жолт картон и му покажа на Гвардиола. Пеп сфати што направил и го прегрна судијата.
Меѓутоа, кога се чинеше дека треба да замине, тој се врати повторно да разговара со Орсато, овојпат со смирен тон што арбитерот го прифати.
Целосната дискусија погледнете ја ТУКА.