ФУДБАЛ

Шоу на Меси и Нејмар во Клермон

ПСЖ очекувано забележа нова победа, кој го совлада домашниот Клермон со 5:0.

 

Парижаните пред неколку дена го освоија Суперкупот на Франција со 4:0 со победата над Нант, а сега беа уште поубедливи на гостувањето кај слабиот Клермон.

 

Во отсуство на Килијан Мбапе, кај гостите од Париз се истакнаа Нејмар и Лионел Меси, исто како и на дуелот со Нант минатата недела.

Во деветтата минута Меси направи одлично додавање, а Нејмар погоди за 0:1. Во 26. минута Нејмар упати добра топка до Хакими, кој од десната страна ја заби во гредата.

 

Во 38. минута Нејмар ја забележа втората асистенција за Маркињос, кој погоди за 3:0, а потоа уште два гола.

 

Бразилецот ја забележа третата асистенција во 80. минута по одличната акција и несебичното додавање за Меси, а потоа Аргентинецот заврши се со гол во 86. минута.

Уште една блескава вечер за парижаните, кои ги очекува меч со Монпелје во второто коло, кога повторно ќе уживаме во магијата на големите напаѓачи како Меси и Нејмар, а можеби и Мбапе дотогаш ќе се врати на теренот.