ФУДБАЛ

„Шоу“ во најава: Бентнер најави дека сака да стане тренер

Играч кој играше во многу клубови во текот на својата кариера, оставајќи најголем белег во Арсенал, е секако Никлас Бентнер.

Покрај Арсенал, популарниот лорд Бентнер играше во Данска, Италија, Германија и Норвешка и во моментов е слободен играч.

Сепак, тој во неодамнешната изјава рече дека се гледа себеси во тренерски води откако неговата играчка кариера ќе заврши.

„Една од работите што сакам да ја сторам е да бидам тренер. Сакам да одам на тренерски курсеви. Имам сè што е потребно. Мислам декаво 40. или 45. години ќе го водам мојот прв клуб”, рече Бентнер.

Сигурно е дека сите љубители на фудбалот се заинтересирани како би изгледал како тренер, бидејќи знаеме каков фудбалер беше.