Играчот од средниот ред на Штурм Грац нема да му биде на располагање на тренерот на австрискиот тим Кристијан Илцер за првиот натпревар од групната фаза на Лига Европа, а причината е што Шпанецот проголта пчела.
Тоа се случило на еден тренинг на Австријците, а медицинскиот персонал веднаш интервенирал ставајќи му кеса со мраз на вратот. Играчот од средниот ред, префрлен од Атлетико Мадрид, е хоспитализиран и лекуван со кортизон.
Иако не е алергичен на пчели, Хавиер Серано нема да биде ризикуван на натпреварот против Спортинг, пренесува австриското издание „Клајн Цајтунг“.
